logo
logo
logo

ПОВЕЌЕ ОД 60 ПРАТЕНИЦИ ПОД ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА - Нов скандал ја тресе Украина

Vecer | 10.09.2026

ПОВЕЌЕ ОД 60 ПРАТЕНИЦИ ПОД ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА - Нов скандал ја тресе Украина

Националното антикорупциско биро на Украина (НАБУ) води истраги против повеќе од 60 украински пратеници, пренесуваат медиумите повикувајќи се на раководителот на едно од истражните одделенија на НАБУ, Александер Абакумов.

Како што објасни, Бирото се нашло во „прилично сложена ситуација“ имајќи предвид дека под истрага е толку голем број пратеници.

„Ако нивниот број се зголеми, би можеле да имаат доволно гласови за да го променат законодавството“, предупреди Абакумов.

Врховната рада на 22 јули 2025 година усвои закон што го предложи партијата на Володимир Зеленски, „Слуга на народот“, со кој беа ограничени независноста на двете антикорупциски институции — НАБУ и Специјализираното антикорупциско обвинителство (САП). Зеленски потоа го потпиша законот.

Таа одлука предизвика протести широм Украина, по што Зеленски на 24 јули најави нова законска иницијатива за враќање на независноста на тие институции.

Украинскиот парламент на 31 јули во два читања усвои закон со кој им беше вратена независноста на НАБУ и САП, а Зеленски го потпиша истиот ден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk