logo
logo
logo

Мбапе двапати одбивал понуди од Манчестер Јунајтед, еве зошто…

Vecer | 10.09.2026

Мбапе двапати одбивал понуди од Манчестер Јунајтед, еве зошто…

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Пред да го облече дресот на Реал Мадрид, францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше желба на многу европски гиганти, а меѓу најупорните во намерата да го доведат бил Манчестер Јунајтед. Сепак, Мбапе категорично го одбил англискиот великан во два наврати, а причината за неговото второ „не“ звучи доста иронично денес.
Првиот обид на Јунајтед случил кога Мбапе сè уште го носеше дресот на Монако како тинејџер. Менаџерот на „Црвените ѓаволи“ во тоа време, Жозе Мурињо, сакаше да изгради нов напад околу него, но младиот напаѓач одлучи да оди во Пари Сен Жермен. Неколку години подоцна, Јунајтед повторно се обиде, но доби уште едно „не“. Мбапе овој пат бил експлицитен – ги одби Англичаните затоа што не верувал во спортскиот проект на клубот и сметал дека Јунајтед не е подготвен да се бори за трофејот од Лигата на шампионите. Главната иронија на оваа одлука лежи во фактот дека Мбапе остана на “Паркот на принцовите“ токму за да ја освои Европа со Парижаните. За време на неговиот повеќегодишен престој во Париз, тој ги освои сите домашни трофеи, но пехарот од Лигата на шампионите му избега, и покрај големите инвестиции на клубот. Од друга страна, Манчестер Јунајтед минуваше низ турбулентни фази на реорганизација, промени на тренерите и промени на раководството во истиот период.
На крајот, Мбапе одлучи да не губи повеќе време во Париз – па затоа потпиша петгодишен договор со Реал Мадрид како слободен агент во 2024 година, но сè уште не го освои трофејот од Лигата на шампионите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk