logo
logo
logo

Флик: Јамал заслужува да ја освои “Златната топка“!

Vecer | 10.09.2026

Флик: Јамал заслужува да ја освои “Златната топка“!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/

Шефот на Барселона, Ханси Флик, беше воодушевен од убедливата победа од 5-1 над Феенорд во Лигата на шампионите. Германскиот стратег го пофали Ламин Јамал и рече дека младиот Шпанец заслужува да ја освои Златната топка во 2026 година.
Тој е мој играч и, секако, верувам во него. Тој заслужува да ја освои Златната топка. Тој е исклучителен и посебен играч. Секој што ги гледа неговите натпревари знае дека тој ја заслужува“, рече Флик по успехот на Камп Ноу.
Германецот го пофали и Рафиња, кој постигна два гола против Феенорд и го продолжи својот импресивен почеток на сезоната.
„Интензитетот на Рафиња е одличен. Кога напаѓа од длабочина и ги прима додавањата на Педри, тој е одличен. Дани Олмо играше на истата позиција вечерва, но додаде контрола во вистинскиот момент. Слободниот удар што го изведе Ламин Јамал, исто така, создаде добра ситуација“, коментираше Флик.

И покрај одличниот почеток на сезоната, тренерот на Каталонците е категоричен дека тимот сè уште има простор за подобрување.
„Ми се допаѓа она што го гледам, но има ситуации што треба да ги подобриме. Најважно е тренингот, бидејќи таму се развиваш. Потоа доаѓаат натпреварите, ги анализираш своите перформанси и се обидуваш да бидеш уште подобар“, заклучи Флик.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk