logo
logo
logo

Во Берлин КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА НОВА МАКЕДОНСКА ЦРКВА денеска бешев поставен

Vecer | 15.09.2024

Во Берлин КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА НОВА МАКЕДОНСКА ЦРКВА денеска бешев поставен

Денеска во Берлин се осветија темелите на новата црква на Македонската правослвана црква-Охридска архиепископија во Берлин. Осветувањето го изврши архиепископ охридски и македонски г.г Стефан во сослужение со митрополитот на Европската епархија г. Пимен и митрополитот на Тетовско- гостиварската епархија г. Јосиф со многубројно свештенство од Европа.

Пред многубројните верници се организираше и богата културно – уметничка програма со музичката група „Доминанта“ и Ангел Стојкоски, а настап имаше и фолклорниот ансамбл „Македонско Сонце” од  Диселдорф.

Црквата „Свети Климент Охридски“ ќе биде од огромно значење за повеќе од 10 илјади македонски православни верници во Берлин и околината.

Планот за изградба на црква е подготвен од страна на архитектот Елена Цонева и добиено е одобрение за градење од страна на надлежните институции во Берлин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk