Становите екстремно, но и куќите поумерено, стануваат прескапи во Скопје, Охрид и другите поголеми градови. Ако сте при пари подобро е да инвестирате за куќа или стан во странство. Ова се државите каде што тоа е најмногу можно, и најлесно.
Пред себе имате преглед на цени во големите градови низ Европа, големи бизнис и туристички центри. Ако просечната цена на стан во Скопје Центар стаса до 2.880 евра, ќе видите дека на многу други места, во центарот на тие градови, по иста или слична цена (како Порто, Софија, Атина Истанбул...) има стан и поголема можност за работа, заработка и сосема друго ниво на култура и социјален живот.
Ова се цените во центарот на главните градови, на неколку километри подалеку цените се помали од 20-30%. Во помалите места, на море или во силните бизнис центри на овие држави цените за стан во центарот на тие градови се помали од овие за 20-40%.

Купувањето куќа или стан во странство на многумина им изгледа како комплициран потфат што вклучува многу документација, правни пречки и неизвесност. Сепак, постојат земји во кои странските државјани можат да станат сопственици на недвижен имот без обврска претходно да добијат државјанство или дозвола за престој.
Списанието „House Beautiful“ објави преглед на десет земји во кои, според неговата анализа, купувањето недвижен имот е релативно лесно за странците. Меѓу земјите се Грузија, Уругвај, Доминиканска Република, Франција, Панама, Колумбија, Грција, Португалија, Белизе и Шпанија.
Важно е да се нагласи дека прегледот е првенствено наменет за американски клиенти, па затоа одредени услови, особено оние поврзани со визите и престојот, може да се разликуваат за граѓаните на други земји.
Доминиканска Република - недвижнини може да се купат без дозвола за престој
Доминиканската Република го привлекува вниманието на странските купувачи со своите релативно либерални правила за сопственост на имот. Како што е наведено во текстот, странците можат да купуваат и поседуваат имот без претходно да добијат статус на жител или посебна дозвола за купување.
Франција - куќи, станови и парцели се достапни за странци
Франција е меѓу земјите што не поставуваат посебни ограничувања за американските граѓани кога станува збор за купување куќи, станови или земјиште. Странците можат да купуваат недвижнини во градови, помали градови, на брегот или во рурални области, а во одредени случаи купувањето може да се организира од далечина.
Панама - странците можат да бидат сопственици, а постојат и посебни програми за престој
Панама се издвојува по тоа што најчесто им овозможува на странските државјани да купуваат недвижнини без поголеми ограничувања. Дополнителна придобивка за американските клиенти е фактот што американскиот долар е официјално средство за плаќање.
Земјата има и програми за стекнување право на престој, меѓу кои во текстот се споменува програмата „Виза за пријателски нации“. Сепак, важно е да се нагласи дека купувањето недвижнини само по себе не значи автоматски добивање дозвола за престој, бидејќи за таков статус мора да се исполнат посебни услови.
Грција - јасна постапка, но постојат посебни ограничувања во одредени области

Грција е привлечна за купувачите кои сакаат имот во Медитеранот, а според текстот, процесот на купување за граѓаните на САД се базира на релативно јасен сет на административни чекори.
Еден од првите чекори е да се ангажира локален адвокат или нотар, кој може да ја провери документацијата за сопственост, договорот и сите ограничувања поврзани со локацијата на имотот.
Во Центарот на Атина просечна цена на стан е 2.830 евра, а во Солун 2.550. Слично или помала цена од Скопје. Во тие градови можноста за бизнис, туризам, животот на море и повисока урбана култура во споредба со Скопје - за помалку пари.
Посебна грижа е потребна при купување имот во одредени погранични области или во близина на воени зони. За клиенти кои не се државјани на Европската Унија, во такви случаи може да бидат потребни дополнителни одобренија.
Португалија - странците можат да купуваат недвижнини, но купувањето повеќе не носи „златна виза“
Португалија е меѓу популарните дестинации за странски купувачи, а текстот истакнува јасно регулиран пазар на недвижности и развиена мрежа на агенти, адвокати и нотари кои работат со меѓународни клиенти.
Самира Истон, експерт за меѓународниот пазар на недвижности од „Премиер Сотбис Интернешнл Риалти“, истакнува дека достапноста на професионална помош и потранспарентни правила можат да го олеснат процесот за купувачите.
Белизе - странците можат да стекнат целосна сопственост
Белизе е друга земја каде што странските купувачи можат да стекнат целосна сопственост на недвижен имот, според текстот.
Една од предностите што авторот ги издвојува е правниот систем базиран на британскиот модел, кој може да го олесни разбирањето на договорите и правните процедури за купувачите што доаѓаат од земји со слична правна традиција.
Во текстот, исто така, се наведува дека Белизе нема данок на капитална добивка, додека даноците на имот се релативно ниски. Сепак, специфичните даночни трошоци и обврски зависат од видот на имотот и околностите на купувањето, па затоа е потребно да се проверат важечките прописи пред да се инвестира.
Земјата е позната по своите тропски шуми, брегот и вториот најголем корален гребен во светот.
Шпанија - странците можат да купуваат недвижен имот, но им е потребен даночен број

Шпанија останува отворена за странски купувачи, а според текстот, нема општи ограничувања што би им забраниле на граѓаните на САД да купуваат недвижен имот како нерезиденти.
Сепак, за да се заврши купувањето, потребно е да се добие идентификациски број за странци, познат како NIE, кој е важен и за даночните обврски.
Шпанија ја укина програмата за визи за инвеститори во 2025 година, но тоа не ја промени можноста на странците да купуваат станови, куќи или друг имот. Како и во другите земји, сопственоста на недвижен имот не значи автоматски право на постојан престој.

Просечните цени на стан во центарот на градовите во Шпанија во Мадрид и во помалите градови на море патем и силни економски бизнис и туристички центри како Малага (2.800 евра) или Валенсија (2.650 евра) се двојно помали.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата