Тијана Ем: “Тоа е кога невестата не е невина...“

Vecer | 14.11.2026

Тијана Ем: “Тоа е кога невестата не е невина...“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Пејачката Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, доживеала непријатност пред закажаниот настап во Македонија, бидејќи на публиката во Крива Паланка ѝ бил одбиен концертот како што и самата изјавува - пд административнои причини.

Тијана неодамна се појави во емисијата „Минско поле“, каде што раскажа необично искуство од приватна забава на која била ангажирана. Како што откри тогаш, пред околу два месеци настапила на свадба која одеднаш била прекината, а причината за прекинот на прославата ја оставила во целосно чудење.

Пејачката опишала како чекала младенците да се вратат, не претпоставувајќи дека ќе се случи нешто што ќе предизвика целата прослава да биде прекината. Дури кога еден од нејзините колешки им го превел она што таткото на невестата им го соопштил на присутните, таа разбрала зошто прославата завршила.

- Работев, пеев на свадба пред два месеци. Тоа беше прв пат невестата да не биде невина. Бев толку шокирана... Гледам дека младенците си заминале, ја пеам забавата додека не се вратат, гледам како поминуваат половина час, еден час, еден и пол, два часа... Му велам на Дарко: „Ова ми е чудно, зошто ги нема толку долго...?“ Обично не оди така, брзо се враќаат... Таткото на невестата слегува долу, зборува на ромски, моите колеги ми преведуваат... вели дека невестата не е невина и нема радост, завршува, сите си одат дома - рече пејачката додека водителката ја слушаше во шок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk