Николоски бара истрага за Пендаровски

Дали непотпишувањето на Законот за игри на среќа е поврзано со изградбата на зграда во Влае на екс директорот на Агенција за разузнавање

Vecer | 18.11.2026

Дали непотпишувањето на Законот за игри на среќа е поврзано со изградбата на зграда во Влае на екс директорот на Агенција за разузнавање
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски отвори прашање за можна поврзаност меѓу одлуката на поранешниот претседател Стево Пендаровски да не го потпише Законот за игри на среќа, донесен од претходниот парламентарен состав, и изградбата на зграда во скопската населба Влае, поврзана со тогашниот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

Николоски побара Обвинителството, Финансиската полиција и Управата за финансиско разузнавање да ја испитаат евентуалната поврзаност и, како што рече, да утврдат каде води трагата на парите.

„Дали тоа што поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски не го потпиша Законот за игри на среќа, кој го донесе претходниот парламентарен состав, можеби е поврзано со изградбата на зграда во Влае на неговиот директор на Агенцијата за разузнавање? Односно, дали едното и другото се поврзани и каде води трагата на парите? Ги повикувам и Обвинителството, и Финансиската полиција и Управата за финансиско разузнавање да постапат во однос на оваа работа“, изјави Николоски.

Тој не презентираше дополнителни детали или докази за евентуалната поврзаност, туку побара надлежните институции да ги испитаат околностите.

ВМРО-ДПМНЕ побара од Пендаровски и Муслиу да објаснат кој ја финансира изградбата на станбениот објект во населбата Влае, каде како инвеститор се посочува сопругата на Муслиу, Афродита Муслиу. Се поставија прашања за потеклото на средствата и за можни деловни релации или судир на интереси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk