logo
logo
logo

Што правела СОВЕТНИЧКАТА НА КИРИЛ ПЕТКОВ ВО СКОПЈЕ на 2 јануари?

Vecer | 04.01.2022

Што правела СОВЕТНИЧКАТА НА КИРИЛ ПЕТКОВ ВО СКОПЈЕ на 2 јануари?

Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева, на 2 јануари го посетила Скопје, јави БНТ, повикувајќи се на Министерскиот совет (влада) на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Чернева била во Скопје по наредба на бугарскиот премиер Петков, а целта била да се подготви претстојната посета на Петоков на Скопје во јануари годинава.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, најави дека откако новата влада во Македонија ќе положи заклетва, тој ќе се сретне со новиот премиер Димитар Ковачевски.

Во меѓувреме, организациите на Бугарите од Македонија испратија писмо до сите бугарски институции вклучени во преговорите со Македонија, а бугарскиот претседател Румен Радев се очекува да го свика Советодавниот совет за национална безбедност на 10 јануари за да разговара за рамката за односите со  Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk