logo
logo
logo

„ИМАМ ЛОША ВЕСТ ЗА ОНИЕ КОИ КЛЕВЕТЕА“: Мицкоски порача дека целата роденденска програма ја финансирале општествено одговорни компании

Vecer | 09.09.2026

„ИМАМ ЛОША ВЕСТ ЗА ОНИЕ КОИ КЛЕВЕТЕА“: Мицкоски порача дека целата роденденска програма ја финансирале општествено одговорни компании

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле потрошени за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Од настапот на Стив Аоки, преку разни музички програми и настапи во повеќе градови низ земјава, до последниот концертот, на Дејвид Гета во Скопје, Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за тоа платија нула денари.

Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, клеветеа, лиферуваа лажни информации. Оставив сето она кое претставуваше посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент за граѓаните во тие градови. Буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат 0 денари. Слободно може да проверите на „Отворени финансии“ и ќе видите дека сето ова граѓаните ги чини нула денари. Се е организирано од општествено одговорни компании. Јас жалам што кај поединци Фројд работи, што мислат дека како тие би правеле, така и некој друг прави. Ова е Влада домаќинска, влада промакедонска која се грижи за граѓаните, пронародна и секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот додаде дека како држава сме покажале дека знеме, можеме и умееме да направиме светско, а да се случува тука во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk