logo
logo
logo

Добра вест за семејните буџети

СТРУЈАТА НЕ ПОСКАПУВА, МОЖЕ И ДА ПОЕВТИНИ! Владата подготвува нова методологија за цената

Vecer | 09.09.2026

СТРУЈАТА НЕ ПОСКАПУВА, МОЖЕ И ДА ПОЕВТИНИ! Владата подготвува нова методологија за цената

Владата подготвува нова методологија за пресметка на цената на електричната енергија, со цел да се задржи актуелната цена, но и да се отвори простор за нејзино дополнително намалување. Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип најави дека се бара модел кој ќе обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, без дополнително оптоварување на семејните буџети, а крајната цел, како што посочи, е граѓаните да добијат и поевтина струја.

– За струјата, правиме методологија да се обидеме, ако ништо друго, барем да ја задржиме истата цена, а зошто да не и да се обидеме да ја поевтиниме – изјави Мицкоски.

Премиерот посочи дека и покрај сите предизвици, ќе има стабилно снабдување со струја.

Можам да кажам дека состојбата е стабилна, ќе имаме стабилна зима, ќе имаме снабдување со електрична енергија во согласност со потребите на граѓаните и бизнисот. Ние како Влада сме фокусирани на тоа, ги подготвуваме нашите производни капацитети. Грејната сезона ќе почне за еден ипол месец, еве максимум, во зависност од временските услови, некаде на почетокот на ноември, но ние ги подготвуваме енергетските капацитети, се подготвуваме за зимата и во таа насока ќе продолжиме и понатаму да се фокусираме – вели Мицкоски.

Тој додаде дека акумулациите се на ниво од речиси 50%.

– Цела Европа се соочува со низок водостој на реките. Ова лето се исклучуваа нуклеарни централи, термоцентрали, хидроцентрали. Ние тоа не го правевме, напротив. Работиме со план, чекор по чекор. Знам дека не е сè идеално, знам дека е тешко, но е многу подобро за разлика пред три години – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk