НАД 20 КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА БРЗАТА ПРУГА – Николоски најавува дека нема да има нови одложувања!

Vecer | 19.10.2026

НАД 20 КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА БРЗАТА ПРУГА – Николоски најавува дека нема да има нови одложувања!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Над 20 компании досега покажаа интерес за изградба на брзата пруга од границата со Србија до границата со Грција, откри вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николаски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Николоски: Кажавме дека мора да се испочитува барањето на механизмот за меѓународно финансирање на Велика Британија, а тоа е да има повисоко 30% британска компонента. Создадената основа на тој дел ќе има компетитивен дијалог со сите компании кои го прават тој услов и ќе го избере тој што ќе даде понуда и најевтина цена, секако.

360°: Неофицијално, колку покажано интерес досега?

Николоски: Па преку 20.

360°: И со сите ќе одите на компетитивен дијалог?

Николоски: Тоа е тоа, мора да го избереме најдобриот.

На прашањето – каде мислењата и медиумите може да се информираат за програмирање на проектот за шесте студии за проектот, Николоски рече дека тие ќе бидат објавени штом ја завршија целата процедура.

360°: Ме интересира каде било и медиумите можат да се информираат околу резултатите вида на овој проект? Ве прашувам за достапноста на овие шест студии за кои зборуваме.

Николоски: Ќе ги објавиме кога целата постапка ќе биде завршена. Но, тука сакам да бидам достапен директен и отворен. Големите инфраструктурни проекти не можат да ги гледаат низ чисто ИРР, економистите ова го разбираат добро, што е низ чист поврат на инвестицијата. На пример, булеварите низ Скопје, колкав поврат на инвестиција имате? Нула, не се наплаќа патарина, не се наплаќа да се вози низ Скопје и така натака. Индиректниот е најголем, луѓето ги користат секој ден, одат на работа, во училиште, децата се хранат во градинка и така натака.

Во однос на претходните критики што ВМРО-ДПМНЕ од опозиција ги упатуваше за тајноста на договорот за автопатиштата со „Бехтел и Енка“, сега а одредени детали за брзата пруга остануваат доверливи, Николоски рече дека тој договор е уште еден класифициран.

360°: Зошто го немавте ова разбирање за „Бехтел и Енка“? Жестоко ја критикувавте тогашната власт за договорот со „Бехтел и Енка“ затоа што остана недостапен.

Николоски: Ајде да одиме чекор по чекор. Тоа се проблеми со коишто јас секој ден живеам. Прво не е тој проект финансирање за. Буквата ’А’ немаме ние во тој проект. Значи не е финансискио финансирање. Второ, до денес тој договор е таен, не може да го декласифицираме затоа што е напишано дека е согласност на двете страни.

360°: Но, пред малку зборувавте дека сепак има дел што не е објавен и за брзата може да биде објавена.

Николоски: Но во моментот кога ќе има избор на финансиер и изведувач, ќе биде објавено и ништо нема да остане тајно. Така што не се споредува со друго.

Во однос на временската рамка, откако претходно се најавуваше излегување на терен и работа есента 2025 година, додека сега се споменува пролетта 2027 година, Николоски рече дека дополнителните работи и геотехничките истражувања веќе се спроведуваат на теренот.

360°: Околу роковите, и еднаш признавте јавно дека можеби би биле преамбициозен кога ги дава првите за тоа дека ќе започнете, ама не утнавте за малку, зборувавте за излегување на теренот и за работа есента 2025, сега зборувате за пролетта 2027. Многу е разликата – година и пол.

Николоски: Не, не, ние оваа година работиме на терен. Овие студии не се прават од канцеларија. Што јас не правам од тоа шоу, гледам да одиме да се снимаме и така дака тоа е друго. Затоа што сакам кога ќе почнеме да работиме да го завршиме за пет години како што треба.

На прашањето дали е можно ново пролонг на рокот за почеток на градбата – пролетта 2027 година, вицепремиерот беше категоричен во одговорот.

Николоски: Не, имајќи предвид дека имам пред мене на маса – не.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk