ДВАЈЦА СО „БМВ“ СЕ ОБИДЕЛЕ НА ПРЕГАЗАТ ПОЛИЦАЕЦ

Vecer | 13.11.2026

ДВАЈЦА СО „БМВ“ СЕ ОБИДЕЛЕ НА ПРЕГАЗАТ ПОЛИЦАЕЦ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Двајца мажи од гостиварското село Чегране со БМВ вчера се обиделе да прегазат полицајци кои вршеле претрес во домот на нивен соселанец, кај кого претходно била пронајдена дрога.

Сите тројца осомничени на крајот завршиле во полициска станица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 12.11.2026 во 20:35 часот во с.Чегране, Гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишија од слобода Х.С.(26) од с.Чегране. При преглед во патничко возило ‘мицубиши’ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. За време на преземањето на службените дејствија, пред домот на Х.С., со патничко возило БМВ со гостиварски регистарски ознаки се доближиле В.Ч.(24) и А.Н.(35), двајцата од с.Чегране, при што со возилото се обиделе да ги прегазат полициските службеници и им упатиле закани по животот, по што побегнале, но набргу, по преземени мерки, пронајдени се и лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави“, се наведува во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk