СТАКЛО ОД ИЗЛОГ ПОКЛОПИ ДЕВОЈЧИЊА - Итно пренесени во болница

Vecer | 13.11.2026

СТАКЛО ОД ИЗЛОГ ПОКЛОПИ ДЕВОЈЧИЊА - Итно пренесени во болница
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Поради силниот ветер кој синоќа дува во Битола, падна стаклото од излогот на Одделението за водење матични книги во  центарот на градот. Повредени се две девојчиња, кои со возило на Брза помош се однесени во Клиничката болница.

Силниот ветер предизвика проблеми на повеќе локации во градот.

Пожар е регистриран во населбата Лавци, каде интервенираше екипа на Територијалната против пожарна единица, изјави за МИА, командирот на ТППЕ Битола, Христијан Тодоровски.

Од силниот ветер срушени се повеќе дрва низ градот и околината, потврдија работници на ЈП „Комуналец“ Битола кои се на терен, а во Нова Битола скршено дрво предизвика материјална штета врз автомобил. Локацијата заради поголема безбедност на населението ја обезбедува сообраќајна полиција.

Од Управата за хидрометеоролошки работи за МИА потврдија дека најсилните удари на ветерот се регистрирани утрово на мерната станица Тополчани кои достигнале до 86 километри на час, а во 13 часот во Битола евидентирани се удари на ветерот од 54 километри на час.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk