ПОЛИЦАЕЦ ЌЕ МОЖЕ ДА ОТСТРАНИ НАСИЛНИК ОД ДОМОТ, иако е сопственик на имотот

Vecer | 13.11.2026

ПОЛИЦАЕЦ ЌЕ МОЖЕ ДА ОТСТРАНИ НАСИЛНИК ОД ДОМОТ, иако е сопственик на имотот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Раст од над 70 проценти на пријавените настани поврзани со семејно насилство е регистриран во првите десет месеци од годината во споредба со истиот период лани. Во МВР годинава се пријавени 1.897 настани, од кои 95 проценти се однесуваат на телесна повреда при вршење семејно насилство и загрозување на безбедноста.

На брифинг со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска од МВР посочија и на раст од 50 проценти на бројот на поднесени кривични пријави. Во анализираниот десетмесечен период се поднесени 1.450 кривични пријави за 1.489 кривични дела.

Најголемо зголемување има кај пријавите за телесна повреда што се гони по службена должност, што, според МВР, се должи на зголемената свесност и довербата во полицијата за пријавување на ваквите кривични дела од страна на жртвите.

Од Министерството порачаа дека за постигнување максимален ефект, неопходно е семејното насилство да стане општествена тема и да има заеднички пристап на институциите, медиумите и граѓаните. Како пример го посочуваат проектот „Безбеден град“, кој, според нив, дал резултати поради промената на технологијата, законските мерки и зголемениот фокус на проблемот.

- Ова е општествен успех. Имаме подобрување затоа што се направи општествена тема и се подигна свесноста за безбедноста на сообраќајот - беше посочено на брифингот.

Министерот Тошковски порача дека е потребно во следниот период целото општество да стави максимален фокус на семејното насилство како општествено зло.

- Јас сум убеден дека ако сите се фокусираме на ова зло, темната бројка ќе паѓа, а светлата ќе расте - рече Тошковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk