Зголемен број пациенти со респираторни инфекции регистрираат здравствените установи во Куманово. Во Ургентниот центар од општа болница Куманово, лекарска помош најчесто бараат пациенти поради зголемена телесна температура, кашлица, болки во грлото и мускулите, малаксаност. Лекарите посочуваат дека меѓу пациентите има повозрасни лица и хронично болни, но и помлади граѓани. Особено внимание бараат пациентите со астма и хронични опструктивни белодробни заболувања, кај кои сезонските инфекции можат да предизвикаат влошување на здравствената состојба.
- Најчесто луѓето кои имаат кардиолошки проблеми, хронични опструктивни болести, астма, бронхијална астма и алергиски ринитис, кои секоја година се активни во овој период. Кај помладите се јавуваат болки во мускулите и зглобовите, зголемена телесна температура, болки во грлото, затнат нос или течење на носот. Има и пациенти со бронхијална астма кои имаат отежнато дишење и чувство на гушење- изјави Никола Стефановски, лекар во Ургентниот центар во Куманово.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата