logo
logo
logo

МВР ГИ ПРИВЕДУВА ОРГАНИЗАТОРИТЕ на настанот во Кочани?

Vecer | 16.03.2025

МВР ГИ ПРИВЕДУВА ОРГАНИЗАТОРИТЕ на настанот во Кочани?

Министерството за внатрешни работи утрово во Кочани ги привело организаторите на концертот на групата ДНК во дискотеката „Пулс“, поради пожарот кој избувна во 3 часот наутро, и кој, според МВР, однесе најмалку 50 жртви, објавија Канал 5 и ТВ21.

Неофицијално, приведен е и сопственикот на ноќниот клуб.

Се очекуваат повеќе детали околу оваа страшна трагедија во текот на денот.

Најмалку 50 луѓе се загинати во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт, потврдија од МВР за МИА.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа на местото на несреќата и се очекуваат првите информаци. Кон Кочани се упати и премиерот Христијан Мицкоски.

Според информациите објавени во дел од медиумите, пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства. Македонија не памети ваква трагедија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk