Барањето кризна состојба Е ПРИЗНАНИЕ ЗА НЕСПОСОБНОСТА НА ОПШТИНАТА – ВМРО-ДПМНЕ КРИВА ПАЛАНКА

Vecer | 09.11.2026

Барањето кризна состојба Е ПРИЗНАНИЕ ЗА НЕСПОСОБНОСТА НА ОПШТИНАТА – ВМРО-ДПМНЕ КРИВА ПАЛАНКА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка, претставува уште еден обид реалниот проблем на граѓаните да се претвори во политичка тема и одговорноста да се префрли на Владата и државните институции, велат ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка.

„Само да потсетиме дека овој проблем е децениски, СДС имаше апслолутна Власт во Крива Паланка од 2017 до 2024, имаат градоначалник трет мандат по ред. Ако биле толку загрижени сите овие години ќе најделе начин да го решат проблемот.

За разлика од СДС , Владата и надлежните институции во изминатиот период преземаа конкретни активности во рамките на своите законски надлежности и досега се одземени приближно 100 грла говеда.

Барањето за кризна состојба потврдува дека општината и градоначалникот не се способни да го решат проблемот.

Како Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка нема да бидеме пречка за ниту една иницијатива или мерка што е во интерес на граѓаните. Ќе ја поддржиме секоја законска постапка што ќе придонесе за трајно решавање на овој проблем. Но, истовремено, очекуваме одговорност и отчетност од локалната самоуправа за она што е во нејзина надлежност.

Граѓаните не бараат политички препукувања и празни пресконференции, ниту бараат оправдувања. Бараат безбедни улици, заштита на нивните имоти и конкретно решение на проблемот.

Барањето кризна состојба не смее да биде алиби за непостапување во рамките на редовните надлежности на локалната самоуправа.

Граѓаните на Крива Паланка не очекуваат градоначалникот да им објаснува кој е виновен, туку очекуваат да видат конкретни резултати.

Проблемот со добитокот не започнал денес, ниту ќе се реши со денешната прес-конференција.

Градоначалникот треба да престане да ја политизира оваа тема и да започне да ги исполнува обврските што произлегуваат од функцијата што ја извршува“, се вели во реакцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk