ОГНОТ ЗАФАТИ ТРИ КУЌИ КАЈ БИТ-ПАЗАР: 22 пожарникари со девет возила се бореле со огнената стихија

Vecer | 09.11.2026

ОГНОТ ЗАФАТИ ТРИ КУЌИ КАЈ БИТ-ПАЗАР: 22 пожарникари со девет возила се бореле со огнената стихија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Пожарот

што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, а во инцидентот е причинета материјална штета – изјава за МИА, Звонко Томески, командант на Противпожарната единица – Скопје.

– Станува збор за куќи, индивидуални. Опожарен е кров на една двокатна куќа, од која што поради близина на објектите, има зафатено делови од уште две куќи. Пожарот позади пазарот е целосно ставен под контрола, се работи сега на расчистување. Интервенирано е со девет возила, со 22 пожарникари – изјави Томески.

Тој додаде дека висината на штетата допрва ќе се утврдува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk