ВИДЕО | ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР: ГОРАТ МАГАЦИНИ, шест противпожарни возила се борат со огнот

Vecer | 09.11.2026

ВИДЕО | ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР: ГОРАТ МАГАЦИНИ, шест противпожарни возила се борат со огнот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Голем пожар избувна доцна попладнево во близина на Бит-пазар во Скопје, каде што според првичните информации горат магацини сместени во еден објект.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на терен се шест противпожарни возила на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои интервенираат во обид да го локализираат пожарот.

„РЦУК – Скопје известува дека кај Бит-пазар гори куќа и во моментот БППЗ на Град Скопје интервенира со шест противпожарни возила. Поради зафатеноста на пожарникарите, подетални информации ќе добиеме подоцна“, соопштија од ЦУК .

Според досегашните информации, во пожарот горат магацини, а нема пријавени повредени лица.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати. Повеќе информации од надлежните служби се очекуваат во текот на вечерта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk