Екипите на Град Скопје од утрово ја расчистуваат дивата депонија на излезот од градот. За акцијата информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук.
Тој упати апел до граѓаните да се однесуваат одговорно и да ги чуваат јавните површини, посочувајќи дека последиците од несовесното однесување ги плаќаат сите.
„Ова е штета што ја плаќаме сите!
Апелирам до сите граѓани: однесувајте се одговорно и чувајте ги јавните површини.
За оние што продолжуваат да создаваат депонии, нема да има толеранција!
Да го чуваме Скопје!“, напиша Ѓорѓиевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата