СО ДОБРА ВОЈЛА МОЖЕМЕ ДА ГИ НАДМИНЕМЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ - Давкова ѝ ја честита победата на Јотова

Vecer | 02.11.2026

СО ДОБРА ВОЈЛА МОЖЕМЕ ДА ГИ НАДМИНЕМЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ - Давкова ѝ ја честита победата на Јотова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ѝ ја честита победата на Илијана Јотова, која победи вчера на претседателските избори во Бугарија.

- Во име на македонските граѓани и од мое лично име им ја честитам изборната победа на претседателката Илијана Јотова и на потпретседателот Кирил Валчев. Успехот на претседателката Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ. Уверена сум дека за време на нејзиниот мандат Бугарија ќе одигра конструктивна улога во нашиот регион и во Европа - напиша претседателкат на мрежата Х.

Претседателката изрази уверување дека ќе ја продолжат меѓусебната соработка со меѓусебна почит, отворен дијалог и искрено партнерство.

- Со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да ги унапредиме мирот, стабилноста и просперитетот - додава Сиљановска-Давкова во објавата.

Кандидидтската двојка Илијана Јотова и Кирил Влчев вчера победија на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија со 57,58 отсто од гласовите, а Андреј Ѓуров и Георги Кандев добија 39,47 проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk