Скандалозно! „МАКЕДОНИЈА Е ТАТКОВИНА НА АЛБАНЦИТЕ“ - порача Али Ахмети

Vecer | 02.11.2026

Скандалозно! „МАКЕДОНИЈА Е ТАТКОВИНА НА АЛБАНЦИТЕ“ - порача Али Ахмети

По победата на Аркин Јахији за градоначалник на Брвеница лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека Брвеница е општина со албанско мнозинство и дека е сосема природно нејзините граѓани да имаат градоначалник Албанец.

„Вечерва, вниманието на сите Албанци е насочено кон фактот дека Брвеница е општина со 65% албанско население, па затоа е соодветно таа да има градоначалник Албанец. Сакам да им се заблагодарам на сите што денес направија избор за иднината на оваа општина. Од денес, Аркин е претставник на сите граѓани во општината.“

„Одредени македонски политичари постапија несоодветно нарекувајќи го нашиот претставник ‚криминалец‘. Избрзаните изјави не придонесуваат за соживотот; на крајот на краиштата, како партиски лидери, ние не можеме да дејствуваме како обвинители. Се надевам дека ваквите грешки нема да се повторат и дека наместо тоа, ќе се фокусираме на градење блискост и отворена комуникација.“

„Македонија не им припаѓа ниту на Христијан, ниту на Бранко Црвенковски; Македонија е татковина на Албанците – автохтон народ кој никогаш не претставувал товар за никого, додека другите биле товар за нас.

Ние сме народ-основач на државата и преземаме одговорност за оваа земја. Треба да добиеме поддршка за овој став – кој е сосема јасен за секој што можеби сè уште има сомнежи. Ние ја преземаме одговорноста да ги придвижуваме процесите напред за земјата што со право ни припаѓа нам“, рече Ахмети, меѓу другото. (Телегрфи)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk