logo
logo
logo

Кој има мерак на есенска романтика, ќе ја дочека. ВАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА, ПРИВИКНУВАЈТЕ СЕ

Vecer | 11.10.2026

Кој има мерак на есенска романтика, ќе ја дочека. ВАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА, ПРИВИКНУВАЈТЕ СЕ

Македонија ја очекува значителна промена на временските услови во наредните денови, со обилни врнежи од дожд, локални невремиња, силен ветер и осетно намалување на температурите. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник се очекуваат и врнежи од снег на дел од повисоките планини.

Под влијание на циклонска активност, нестабилното време ќе продолжи до вторник, 13 октомври, а најинтензивни врнежи се очекуваат во недела.

На одредени места количеството дожд може да надмине 20 литри на квадратен метар, додека локално се можни и невремиња проследени со поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.

Од понеделник ќе започне продор на постуден воздух од север, што ќе предизвика дополнително намалување на дневните температури. Северниот ветер на одредени места ќе достигнува брзина и до 60 километри на час.

Во понеделник, 12 октомври, се прогнозира променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд претежно во претпладневните часови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се движат од 8 до 15 степени наутро и од 16 до 22 степени во текот на денот.

Поголемо заладување се очекува во вторник, 13 октомври, кога максималните температури ќе се спуштат на вредности меѓу 10 и 18 степени.

Времето ќе остане променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, но поради навлегувањето на постудена воздушна маса, дождот на некои од повисоките планински предели ќе преминува во снег.

Утринските температури во вторник ќе се движат од 6 до 13 степени, а северниот ветер дополнително ќе го засилува чувството на студ.

Подобрување на временските услови се најавува за среда, 14 октомври, кога се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност.

Сепак, ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат од 5 до 12 степени, а максималните од 11 до 19 степени.

Со ваквата промена, за само неколку дена Македонија ќе премине од релативно топло октомвриско време кон значително постудени услови, со можност за први снежни врнежи на повисоките планини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk