logo
logo
logo

Нови вести за медицинските сестри: ПОТРЕБНА Е КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ

Vecer | 26.09.2026

Нови вести за медицинските сестри: ПОТРЕБНА Е КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ

Во Охрид се одржа свеченото отворање на шестиот Меѓународен конгрес на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ), на кој во фокусот беа иднината на професијата, условите за работа и потребата од продолжување на реформите во здравствениот сектор.

На настанот беше истакнато значењето на медицинските сестри, медицинските техничари и акушерките во здравствениот систем, како и потребата за понатамошно усогласување на професиите и здравствените политики со европските директиви.

Во рамки на конгресот се одржа и панел-дискусија на која учествуваа Анита Прелец од Словенија, Татјана Падурару од SEEHN, Милка Василева од Бугарија, како и Гордана Димеска и Билјана Дилевска од Северна Македонија.

Една од главните теми била како да се задржи постојниот медицински кадар и како младите да се мотивираат да ја изберат професијата и да продолжат да работат во неа.

Во таа насока било посочено дека се потребни подобри плати и работни услови, но и редефинирање на различните професионални улоги во здравството. Дигитализацијата била издвоена како уште една важна алатка, особено за намалување на административниот товар кој им одзема време на здравствените работници.

На панелот се разговарало и за професионалниот развој и можностите за напредување на медицинските сестри и акушерките. Како важен принцип било нагласено дека напредувањето треба да се темели на стекнатите компетенции и знаења, а не на местото каде што работи некој или исклучиво на формалното образование.

Посебно внимание било посветено и на потребата медицинските сестри и акушерките поактивно да бидат вклучени во креирањето на политиките и реформите што директно се однесуваат на нивната професија.

Како една од клучните цели за следниот период било издвоено дефинирањето на професијата медицинска сестра, односно создавање јасна професионална рамка и препознавање на нејзината улога во здравствениот систем.

Шестиот меѓународен конгрес на ЗМСТАМ собра здравствени работници и претставници од земјата и регионот, со цел размена на искуства и отворање прашања поврзани со иднината на сестринството и акушерството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk