logo
logo
logo

ЕУ СО 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЈА ЗАСИЛУВА ЦАРИНАТА: Нови возила, К-9 единици и форензичка опрема против шверцот

Vecer | 11.09.2026

ЕУ СО 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЈА ЗАСИЛУВА ЦАРИНАТА: Нови возила, К-9 единици и форензичка опрема против шверцот

Царинската управа ќе добие поддршка од Европската Унија во вредност од 4 милиони евра, наменета за зајакнување на капацитетите во борбата против организираниот криминал, шверцот и недозволената трговија. Со европските средства ќе бидат обезбедени 26 возила – 21 за мобилната единица и пет за единицата К-9, како и современа форензичка опрема. Поддршката доаѓа во услови на зголемена трговија и сè пософистицирани начини на нелегално движење на стоки, возила и луѓе, со цел да се зајакнат царинските контроли, полесно да се откриваат измамите и нелегалната трговија, но истовремено да се олесни легалната трговија и да се продлабочи партнерството со деловната заедница.

ИТ опремата е поврзана со надградената серверска просторија во главното седиште на царината, додека софтверот поставува нов унифициран систем на корисници за управување со економските оператори во Северна Македонија, т.е. единствен број за регистрација и идентификација (ЕБРИ) и дигитален потпис. Овие капацитети за царинење финансирани од ЕУ им ја олеснуваат работата на компаниите со ЕУ. ЕУ е најголемиот трговски партнер на Северна Македонија, сочинувајќи 76% од нејзиниот извоз. Побрзото движење на стоките им помага на бизнисите да се справуваат со царинските процедури поевтино и поефикасно, но исто така ги прави границите побезбедни.

Проектите финансирани од ЕУ имплементирани во корист на Царинската управа изнесуваат 25 милиони евра. Листата на проекти, која го вклучува и царинскиот терминал на граничниот премин Табановце, е дел од барањата за пристапување за усогласување со Царинската унија на ЕУ како единствена трговска зона. Оваа поддршка ѝ помага на царината целосно да се подготви откако границите на земјата ќе станат граници на ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk