Исламска младинска асоцијација или Islamic Youth Association од Македонија се најде во фокусот на домашната јавност откако Кривичниот суд во Каиро, Египет, официјално ја прогласи за терористичка организација на 10 ноември.
Египетскиот суд, преку одлука објавена во нивниот Службен весник, стави вкупно 35 европски исламски организации и 36 поединци на својата листа на терористички ентитети. Меѓу нив се наоѓа и ова здружение регистрирано во Македонија.
Ставањето на оваа листа од страна на Египет подразбира воведување финансиски санкции, замрзнување на имот и забрана за активности поврзани со египетски субјекти за период од 5 години.
Египетските власти ги поврзуваат овие тела со транснационални исламистички движења (како „Муслиманско братство“), кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата