ВИДЕО | ДРАМА ВО ДАБЛИН: Демонстранти го гаѓале Џо Бајден со предмети – полицијата интервенирала, двајца уапсени

Vecer | 11.11.2026

ВИДЕО | ДРАМА ВО ДАБЛИН: Демонстранти го гаѓале Џо Бајден со предмети – полицијата интервенирала, двајца уапсени
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Поранешниот американски претседател Џо Бајден беше нападнат и гаѓан со предмети за време на ненајавена посета на ирскиот главен град Даблин, а според ирските и британските медиуми, за нападот се уапсени две лица.

Бајден (83) отпатува во Даблин со сопругата за да присуствува на церемонија во колеџот Тринити каде што неговиот син Хантер Бајден беше награден со златен медал за „извонреден придонес во јавната дебата“, објавува „Ајриш тајмс“.

Поранешниот американски претседател седеше во првиот ред од свечената сала за време на церемонијата на доделување награди. Неговото пристигнување беше ненајавено, но публиката, штом го забележа, реагираше со громогласен аплауз.

Во текот на разговорот со публиката по говорот, Хантер Бајден го опиша израелското бомбардирање на Појасот Газа како „масовно убивање“, велејќи дека тоа што се случува во Газа е сосема погрешно и неоправдано. Тој, исто така, го бранеше својот татко, велејќи дека донел најдобри одлуки врз основа на информациите што ги имал во тоа време.

По церемонијата, семејството Бајден беше пречекано пред колеџот од пропалестински демонстранти, кои протестираа против поддршката на поранешниот американски претседател за Израел за време на неговиот мандат. Тие извикуваа „Геноциден Бајден“, и „Крв на вашите раце“. Некои демонстранти фрлаа неидентификувани предмети кон Бајден, а полицијата интервенираше со солзавец и уапси најмалку две лица, јавуваат британските медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk