Платите на припадниците на Армијата и вработените во одбраната ќе бидат тема на денешната прес-конференција на министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Најавено е дека министерот ќе ги соопшти плановите за зголемување на примањата, кое треба да стапи во сила од почетокот на следната година.
На прес-конференцијата ќе учествуваат и претставници на синдикатите од Армијата и одбраната, кои ќе бидат дел од разговорите за најавените промени во платите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата