Од ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ информираат дека во текот на минатиот месец, од скопските улици и јавни површини биле отстранети 950 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.
Од претпријатието соопштија дека најголемо количество отпад од диви депонии имало во општина Чаир, каде биле подигнати 200 кубни метри ѓубре.
Исто така, минатиот месец Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ издала 83 едукативно-информативни записници на граѓани и претставници на фирми кои биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 47, биле врачени на територијата Чаир
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата