ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА ОСТАНУВА СТАБИЛНА: Митева – ВЛЕН ја пропушти шансата да се дистанцира од етничката реторика во Брвеница

Vecer | 03.11.2026

ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА ОСТАНУВА СТАБИЛНА: Митева – ВЛЕН ја пропушти шансата да се дистанцира од етничката реторика во Брвеница

Портпаролката на Владата оцени дека ВЛЕН ја пропуштила можноста да покаже дека се разликува од ДУИ и дека наместо да се дистанцира од етничката реторика, избрала да постапува на спротивен начин.

На телевизија 24 во емисијата „24 Анализа“ гостуваше претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која истакна дека и по кампањата заложбата за „Една Брвеница за сите“ останува водечки принцип, нагласувајќи дека со конкретни проекти и владина поддршка ќе продолжи реализацијата на проекти за развој на општина Брвеница.

– Водевме исклучително позитивна кампања, обединувачка, излеговме со програма тоа е принципот под којшто работиме и тоа е принципот по којшто ја бараме довербата. „Една Брвеница за сите“ – за нас ќе остане повеќе од слоган, е концепт нешто на коешто и како Влада ќе продолжиме да работиме, да ја поддржуваме општината со проекти – посочи Митева.

Таа оцени дека ВЛЕН ја пропуштила можноста да покаже дека се разликува од ДУИ и дека наместо да се дистанцира од етничката реторика, избрала да постапува на спротивен начин. Таа посочи дека исходот од изборите нема да влијае врз функционирањето на владината коалиција, која останува заснована на заедничка владина програма.

Не водевме ние калкулантска политика. ВЛЕН излезе со сопствен кандидат уште во првиот круг. Ако прашањето е дали некако тоа се рефлектира по однос на коалицијата во рамки на Владата, можам да ви кажам не, затоа што и оваа Коалиција е владина коалиција базирана на владина програма и институциите треба да продолжат да ја спроведуваат, а тоа што ВЛЕН имаа можност да покажат дека се поразлични од ДУИ, да излезат од таа етничка реторика и навистина да покажат едно друго светло, ја пропуштија шансата и одлучија да постапуваат на спротивен начин – рече Митева.

Таа ја поздрави волјата на граѓаните, но додаде дека видовме полни авиони како им заблагодаруваат на луѓето коишто дојдоа.

– Не можеме да се бориме против демографијата, така што остануваме посветени и сигурна сум во она што го говоревме а тоа е дека со нашиот кандидат, со Стојанчо Радичевски ќе имаше навистина развој на општина Брвеница – додаде таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk