„МОЛЧЕА КОГА ПРОПАЃАШЕ ЕУРОСТАНДАРД, ДЕНЕС ГЛУМАТ ЗАГРИЖЕНОСТ“: ВМРО-ДПМНЕ со остри критики кон СДСМ и Филипче за „Алта банка“

Vecer | 03.11.2026

„МОЛЧЕА КОГА ПРОПАЃАШЕ ЕУРОСТАНДАРД, ДЕНЕС ГЛУМАТ ЗАГРИЖЕНОСТ“: ВМРО-ДПМНЕ со остри критики кон СДСМ и Филипче за „Алта банка“

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди во односот кон банкарскиот сектор, посочувајќи дека партијата и нејзиниот лидер Венко Филипче сега изразуваат загриженост за состојбата со „Алта банка“, додека не реагирале при пропаѓањето на „Еуростандард банка“.

Од владејачката партија прашуваат каде биле тогашните реакции за заштита на граѓаните и штедачите кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката. Притоа потсетуваат на сомнежите и прашањата за кредитирањето фирми блиски до СДСМ и Зоран Заев, како и на повлекувањето 250.000 евра од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, неколку дена пред затворањето на банката.

ВМРО-ДПМНЕ ги критикува и тогашните институционални одлуки, вклучително и одземањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка“, без претходно воведување друг вид администрација.

Од партијата оценуваат дека денешните реакции на СДСМ за „Алта банка“ се лицемерни и порачуваат дека банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту институциите да се користат за партиски пресметки.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека разликата меѓу двата случаи е во институционалното постапување и барањето одговорност, а на СДСМ му порача дека двојните стандарди нема да поминат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk