Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска престојува во Брисел, каде што ќе учествува на Самитот за проширување на Европската Унија за 2026 година, организиран од Euronews. На собирот ќе присуствуваат високи претставници од европските институции и политички лидери од регионот.
Разговорите на самитот ќе бидат насочени кон иднината на европското проширување, напредокот на земјите кандидатки кон членство во Унијата, како и можностите за зајакнување на регионалната соработка. Ќе се разгледуваат и предизвиците со кои се соочува ЕУ во процесот на прием на нови членки.
За време на посетата, Сиљановска-Давкова ќе има и билатерални средби со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со врховниот командант на сојузничките сили во Европа (SACEUR), генералот Алексус Грегори Гринкевич.
Средбите со претставниците на НАТО се предвидени во Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (SHAPE), во Монс, а во агендата на претседателката се и разговори со претставници на европските институции.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата