logo
logo
logo

ПОТЕРНИЦА ЗА МИХАИЛОВА, ПОРАКА ЗА СОФИЈА: „Очекуваме да ја испорачаат“, рече вицепремиерот Николоски

Vecer | 14.10.2026

ПОТЕРНИЦА ЗА МИХАИЛОВА, ПОРАКА ЗА СОФИЈА: „Очекуваме да ја испорачаат“, рече вицепремиерот Николоски

Македонија очекува од Бугарија, како земја членка на НАТО и на Европската Унија, да ги испорача лицата што се бараат со потерница за да се соочат со правдата, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во врска со случајот со Ива Михајлова, за која денеска беше распишана меѓународна потерница, откако деновиве избега во Бугарија.

Тој синоќа во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа, рече дека Министерството за надворешни работи имало прецизна комуникација за случајот, оценувајќи дека станува збор за класично бегство од правдата по распишувањето на меѓународната потерница.

„Мислам дека Министерството за надворешни работи имаше доста прецизна комуникација за овој дел. Кажаа дека таа практично избегала од Македонија, а денеска е распишана и меѓународна потерница. Беа прилично јасни дека се работи за класично бегство од правдата. Очекуваме Бугарија, како земја членка на НАТО и на Европската Унија и како развиена демократија во која се почитува владеењето на правото, да ги испорача лицата што се бараат со потерница за да се соочат со правдата“ рече Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk