logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА Е ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, се разговара за капитални проекти од историско значење

Vecer | 18.09.2026

МАКЕДОНИЈА Е ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, се разговара за капитални проекти од историско значење

Македонија е врвен приоритет на САД во регионот, а од стратешкото партнерство во следните години треба да произлезат капитални проекти од историско значење, вели премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА од Вашингтон.

– Она што мене ме радува е фактот дека апсолутно во Македонија и во оваа Влада, Соединетите Американски Држави и актуелната администрација на претседателот Трамп гледаат како на близок пријател, не само во регионот туку и во Европа – вели Мицкоски.

Во Вашингтон Мицкоски разговарал со американската Корпорација за меѓународно финансиско развивање ДФЦ за можно финансирање на Чебрен и Галиште, како и за други енергетски, инфраструктурни и технолошки инвестиции.

– Мислам дека ја гледаат Македонија низ најблиска оптика, дека сме врвен приоритет во регионот и ценам дека во годините што следат од ова стратешко партнерство ќе се изнедрат многу капитални проекти кои ќе имаат историско значење – вели Мицкоски.

Разговори со 6 компании за дата-центри

Мицкоски открива и конкретен детал – покрај „Рамбл“ на Крис Павловски, Владата разговара со уште 5 компании за дата-центри. Според него, новите центри треба да користат современи системи за ладење, а на директното прашање дали Владата може да гарантира дека ќе се користат технологии со мала потрошувачка на вода, одговори потврдно.

– На нас ни треба високотехнолошка индустрија, со голема додадена вредност, со која ќе го зголемиме бруто-домашниот производ и стандардот на граѓаните – вели Мицкоски.

Планот, според него, не е замислен за еден владин мандат, туку како подолгорочна национална стратегија заснована на патна и железничка инфраструктура, енергетика и висока технологија.

Гасоводот отвора нови можности

Еден од најголемите планови е Македонија преку новата гасна инфраструктура да стане транзитна врска меѓу ЛНГ-терминалот во Александруполи и централна Европа. Мицкоски очекува со завршувањето на јужниот и северниот интерконектор до крајот на 2028 година земјата да добие значително поголем капацитет.

– Ќе имаме 12 пати зголемен капацитет за инвестиции, за гасни централи кои би произведувале електрична енергија, која потоа би се користела во некои податочни дата-центри, а од нив би црпеле можности за вештачка интелигенција – објаснува премиерот.

Во таа мрежа ги вбројува и Коридорите 8 и 10-д, железничките врски и високонапонските далноводи. Владината идеја е транспортната, гасната и електроенергетската инфраструктура да се спојат со инвестициите во висока технологија.

Со Бугарија, нема ништо брзоплето

Во интервјуто Мицкоски зборува и за односите со Бугарија. Вели дека прашањето неизбежно се отвора во разговорите со европските партнери, но дека Владата нема намера брзоплето да се повлекува од меѓународни договори.

Тој најавува дека разговорите за акцискиот план за малцинства би требало да се водат со присуство на претставник на меѓународната заедница, посочувајќи ја Европската Унија како можна трета страна.

Целото интервју на следниов линк на МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk