ЕКСПЛОЗИЈА НА ПЛИНСКА БОЦА ВО СТАН ВО КУМАНОВО, за среќа нема повредени

Vecer | 04.11.2026

ЕКСПЛОЗИЈА НА ПЛИНСКА БОЦА ВО СТАН ВО КУМАНОВО, за среќа нема повредени

Плинска боца експлодирала во стан во Куманово, нема повредени

Плинска боца експлодирала во стан на улицата „Тоде Думба“ во Куманово, при што е предизвикана материјална штета, но нема повредени лица, соопшти денеска кумановската полиција.

Случајот бил пријавен вчера во 14:35 часот, а станот е во сопственост на 51-годишниот В.Ѓ.

Од експлозијата биле оштетени прозорците и дел од покуќнината.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица во Куманово, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk