Мислев, па пак помислував и се преслушував... и решив.
Ќе ја повлечам пријавата до струмичкото обвинителство и тужбата против Костадин Костадинов за сторено кривично дело “Загрозување на сигурноста“ според член 144 од Кривичниот законик.
Кој се сеќава знае, кој не, се работи за неговите јавни закани и повик за напад врз мене од него, неговата фамилија и блиски. Дирекно и конкртено.
Обвинителството ја прифати пријавата и на 10. ноември е закажано прво рочиште пред судот. Дојде денот на одговорност за нападите.
За тоа дело е предвидена и затворска казна.
Сега, после се, по долго размислување и анализа и за себе кој никогаш никаде од никого не сум бил нападнат, ниту јас тоа сум го сторил кон друг, како и размислување за Костадин тогаш кој во сопствениот град беше на прилично лош глас... решив.
На 8. септември Костадин добил син. Сега е татко. По години е на возраст блуску до мојот син. Верувам дека по ова ќе биде попаметен и поодговорен отколку во времето на заканите и не би се чувствувал пријатно да добие пресуда, парична или затворска, по која ми плаќа пари од татко на бебе или се одделува бабето од таткото кој е затворски осуден.
Не му личи тоа на Латас. А Латас не е само презиме од лична карта, тоа е персоналитет, јавна позиција и дефиниран карактер во кој претходното не се вклопува.
Деновиве до Судот ќе испратам допис со оваа одлука
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата