(ВИДЕО) „КОЈ Е ВИСТИНСКИОТ ИДИОТ?“- „Тој идиот вe победил седум-осум пати на избори“

Vecer | 29.10.2026

(ВИДЕО) „КОЈ Е ВИСТИНСКИОТ ИДИОТ?“- „Тој идиот вe победил седум-осум пати на избори“

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, наведувајќи дека бил нарекуван арамија, предводник на организирана криминална група, па дури и нарко-трговец. Тој се осврна и на навредите дека е идиот, прашувајќи кој е вистинскиот идиот ако, како што рече, тој успеал да победи на седум или осум избори.

„Замислете, тој идиот да ви победил седум-осум пати на избори. Треба да се поставите прашањето: кој е вистинскиот идиот?“, рече Мицкоски.

Осврнувајќи се на унгарскиот кредит од една милијарда евра, Мицкоски рече дека половина милијарда евра биле искористени за отплата на еврообврзница што ја зела претходната влада предводена од СДСМ.

Тој ја спомена и набавката на вакцини за време на коронакризата, наведувајќи дека тогаш биле префрлени околу 10 милиони долари на компанијата „Стабри“ за вакцини што никогаш не пристигнале. Според него, станува збор за компанија позната по трговија со јужноамериканско овошје, а не за голем светски производител на лекови како „Фајзер“.

Мицкоски нагласи дека, според извештајот на Државниот завод за ревизија, 250 милиони евра од кредитот биле насочени кон македонската економија. Тој ги отфрли обвинувањата дека средствата завршиле во приватни џебови или биле злоупотребени преку поткуп, тврдејќи дека биле искористени за потребите на економијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk