„МАКЕДОНИЈА Е МНОГУ ПОБЕЗБЕДНА ОД ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ“: Мицкоски за борбата со криминалот, енергетската криза и одбраната на државните интереси

Vecer | 29.10.2026

„МАКЕДОНИЈА Е МНОГУ ПОБЕЗБЕДНА ОД ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ“: Мицкоски за борбата со криминалот, енергетската криза и одбраната на државните интереси

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Македонија денес е подобро место за живеење отколку пред три или четири години, посочувајќи дека Владата ги брани државните интереси, се справува со енергетската криза и презема мерки за сузбивање на криминалот. Сепак, тој призна дека се потребни уште поодлучни активности.

Во гостувањето во „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“, Мицкоски рече дека во досегашното работење на Владата, која е избрана пред околу 28 месеци, нема афера поврзана со неа. Тој оцени дека земјата се соочува со сложени околности поради енергетската криза и потресите на финансиските пазари, кои, според него, предизвикале и социјални немири во дел од европските метрополи.

Премиерот истакна дека Владата работи и на подобрување на безбедноста, наведувајќи дека полициските акции придонеле за сузбивање на криминалот во повеќе области. Според него, граѓаните денес можат послободно да се движат низ Скопје и другите градови во Македонија.

„Дали е тоа доволно? Не. Дали треба да биде уште поробустно сето тоа? Да, се согласувам дека треба да биде. Но, дали е подобро од пред три или четири години, кога разноразни мафии и банди царуваа низ Скопје? Е, многу подобро“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Владата се однесува дисциплинирано и дека ќе продолжи да работи на тоа Македонија да биде побезбедна за граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk