Oпштината бара кризна состојба

(ВИДЕО) КРАВИТЕ ПОВТОРНО ГО УЗУРПИРААТ ЦЕНТАРОТ НА КРИВА ПАЛАНКА: над 1.000 грла добиток предизвикуваат хаос

Vecer | 04.11.2026

(ВИДЕО) КРАВИТЕ ПОВТОРНО ГО УЗУРПИРААТ ЦЕНТАРОТ НА КРИВА ПАЛАНКА: над 1.000 грла добиток предизвикуваат хаос

Над 1.000 грла крупен добиток неконтролирано се движат низ Крива Паланка, влегуваат во централното градско подрачје, уништуваат земјоделски насади и предизвикуваат штети на приватен и општински имот.

Поради долгогодишниот проблем и сè поголемите загуби на локалното население, Општина Крива Паланка бара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба. Со тоа, како што наведуваат од Општината, би се обезбедиле дополнителни финансиски средства, кадар, опрема и координација меѓу надлежните институции за решавање на проблемот.

Од Општината бараат Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од една недела да достави конкретен оперативен план и да започне со спроведување на правосилните решенија од 2024 година за одземање на животните од регистрираните одгледувалишта.

Планот треба да опфати теренски акции, стручни екипи, специјализирани возила и полициска асистенција. Од локалната самоуправа децидни се дека спроведувањето на решенијата не смее да се одложува ниту да се условува со одлуката на Владата за прогласување кризна состојба.

Во спротивно, Општината и оштетените граѓани најавуваат поднесување кривични пријави против одговорните во Агенцијата за храна и ветеринарство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk