Полициски службеници од СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје и секторот за компјутерски криминал, вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје.
Како што дознава „Република“ од извори во МВР, во фокусот на истрагата е лице вработено на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на раководна позиција во ИТ-секторот, кое подолг временски период наводно манипулирало со електронската евиденција на студентите.
Според првичните информации, осомничениот се сомничи дека овозможувал внесување бодови од испити, запишување семестри без исполнети услови, како и бришење оценки, главно за студенти од Турција, за што за возврат добивал паричен надомест.
При претресите, според информациите до кои дојде „Република“, во домот на осомничениот првично била пронајдена поголема сума парични средства.
Акцијата е во тек, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на полициските активности.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата