logo
logo
logo

СТИВНА ЛИ ЗАРАЗАТА? Една недела без нови случаи на нилска треска

Vecer | 09.10.2026

СТИВНА ЛИ ЗАРАЗАТА? Една недела без нови случаи на нилска треска

Минатата недела, од 30 септември до 6 октомври, во Македонија не беа пријавени нови случаи на вирусот Западен Нил, ниту пак беа регистрирани нови смртни случаи.

Двајца пациенти се отпуштени од болничко лекување, според најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од почетокот на годината до 6 октомври, во земјата се регистрирани вкупно 71 случај на вирусот Западен Нил; од нив, 66 се потврдени, а пет се веројатни. Починаа десет пациенти, сите мажи на возраст од 62 до 83 години. Починатите лица биле од Скопје (9) и Куманово (1); сите биле хоспитализирани, а кај девет од случаите биле евидентирани претходни здравствени состојби.

Од 69-те пациенти хоспитализирани со невроинвазивната форма на болеста, 56 се отпуштени, додека тројца остануваат на лекување. Просечното времетраење на болничкото лекување, како за отпуштените пациенти, така и за оние што починале, изнесува 15 дена. Најголемиот дел од пациентите – 63 лица – се од скопскиот регион; три случаи се регистрирани во Велес и околината, два во Кавадарци и околината, и по еден случај во Куманово, Свети Николе и Тетово.

Од вкупниот број пациенти, 52 се мажи, а 19 се жени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk