Фокус на економски раст

(ВИДЕО) НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ НА ВИДИК: Мицкоски во Бон со „Дојче Телеком“ и германски компании

Vecer | 02.11.2026

(ВИДЕО) НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ НА ВИДИК: Мицкоски во Бон со „Дојче Телеком“ и германски компании

Нови инвестициски можности за Македонија, проширување на постојните производствени капацитети и соработка во високите технологии, здравството и телекомуникациите биле во фокусот на средбите што премиерот Христијан Мицкоски ги остварил во германскиот град Бон.

Премиерот Христијан Мицкоски, во видеоизјава од Германија, информираше дека остварил средби со раководството на „Дојче Телеком“, претставници на Германската стопанска комора, како и со германски компании кои веќе инвестираат во Македонија или ја разгледуваат земјата како потенцијална инвестициска дестинација.

„Денеска во Бон остваривме средби со раководството на Дојче Телеком, како и со претставници на Германската стопанска комора и германски компании кои веќе инвестираат во Македонија, но и со оние кои ја разгледуваат нашата земја како потенцијална инвестициска дестинација“, истакна Мицкоски.

Дополнителни инвестиции во технологијата и здравството

На разговорите со раководството на „Дојче Телеком“ биле разгледани можностите за нови инвестиции во телекомуникацискиот сектор, но и за проширување на соработката во други области од значење за економскиот и технолошкиот развој на државата.

„Со раководството на Дојче Телеком разговаравме за можностите за дополнителни инвестиции во македонскиот телекомуникациски сектор, но и во други области како здравството, паметните технологии и индустриите со висока додадена вредност“, посочи премиерот.

Проширување на производството и нови можности за економски раст

Мицкоски нагласи дека средбите со германските стопанственици биле насочени и кон проширување на веќе постојните инвестиции во Македонија, како и кон зголемување на производствените капацитети.

„На средбите со германските стопанственици ги разгледавме досегашните искуства, можностите за проширување на постојните инвестиции и зголемување на производствените капацитети, со цел отворање нови можности за економски раст и зголемување на бруто-домашниот производ“, изјави Мицкоски.

Разговорите во Бон отвораат простор за понатамошна економска соработка меѓу Македонија и германските компании, особено во секторите со висока додадена вредност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk