logo
logo
logo

Алфа ТВ: Владата на Зоран ЗАЕВ ШИРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ТЕЛЕВИЗИЈАТА

Vecer | 06.02.2021

Алфа ТВ: Владата на Зоран ЗАЕВ ШИРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ТЕЛЕВИЗИЈАТА

Владата на Зоран Заев продолжува со нападите на независните медиуми ширејќи лажни вести, злоупотребувајќи ги институциите на државата, овој пат Управата за јавни приходи, реагираат од телевизијата.

Оваа реакција на ТВ Алфа доаѓа откако телевизијата се најде на листата на фирми кои земале државна помош но не исплатиле плати, а која вчера беше објавена од страна на владата.

-Вчера на веб страницата на “Владата на лажните вести” осамна список со компании што добиле, а не испалтиле субвенции за плати на вработени. На тој список лажно и тенденциозно е ставена и нашата телевизија, велат од Алфа ТВ.

Тие додаваат дека  субвенциите што Управата за јавни приходи на сметката на телевизијата ги има префрлено на ден 31 Јануари, петок, Телевизија Алфа, во потполн износ ги има исплатено на 03 и 04 Февруари, среда и четврток следната недела, 5 дена подоцна, како дел од редовните исплати на плати, придонеси, регреси и други додатоци на плати.

- Значи, еве ја технологијата на ширење на лажни вести: евтина, провидна и лесна. На 31 Јануари, петок, префрлате средства, а во понеделник, 2 дена подоцна, на 2 февруари, правите пресек за претходниот месец и објавувате список со лаги и невистини, потенцираат од телевизијата.

Оттаму посочуваат дека Алфа Телевизија добила субвенции од 1 милион и седумстотини илјади денари, а на своите редовни вработени, хонорарни и други соработници во информативната, документарната, забавната и играната продукција, повеќе од 160 извршители, им исплатила околу 10 милиони денари или околу 110.000 евра.

Nајсмешно во целата ова ситуација е тоа што сите тие движења на нивната сметка се на секојдневен увид на УЈП која има потполен преглед на приливот и одливот на средствата наменети за исплата на плати и придонеси на вработените, нагласуваат од телевизијата.

Тие велат дека за овој случај, сметаат дека Владата на Зоран Заев шири лажни вести со цел да го наруши угледот и работењето на единствениот медиум кој има критичка уредувачка политика кон неа.

- Телевизија Алфа ова го смета како уште една злоупотреба на државни ресурси со цел партиски и владин притисок врз нашата телевизија, стои во реакцијата на Алфа

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk