logo
logo
logo

Еве кои фирми земале помош, А НЕ ДАЛЕ ПЛАТИ

Vecer | 06.02.2021

Еве кои фирми земале помош, А НЕ ДАЛЕ ПЛАТИ

Владата ја објави листата на фирми кои добиле државна помош, а не исплатиле плати на вработените во декември.

Од оние што не исплатиле плата на вработените, а добиле помош, во декември, 78 компании се од дејноста трговија на мало кои примиле помош во износ од 2.219.584 денари, а не исплатиле плата на 145 вработени, 44 фирми се од дејноста подготовка на оброци и служење храна кои примиле 2.239.825 денари и не исплатиле плата на 130 вработени, 26 фирми се од градежништвото кои добиле помош од 944.106 денари и не исплатиле плата на 57 вработени.

Меѓу фирмите кои ја злоупотребиле финансиската поддршка се и од транспортната дејност, трговија на големо, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли и услужни дејности.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во четвртокот информира дека се пратени опомени до компаниите, и предупреди доколку не ја исплатат пмошта, ќе следи присилна наплата со блокада на паричните средства на нивните сметки и пренос на средствата на сметките на вработените и уплатните сметки на УЈП.

Во декември лани 13162 компании добиле државна поддршка за 60986 вработени во износ од 961.865.357 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk