На 08.09.2026 во 22:30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода Г.И. (28) од Битола. Според пријавеното, Г.И. во семејниот дом со остар предмет го нападнала нејзиниот татко и му нанела расекотина. По целосно документирање нас лучајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.09.2026 во 00.45 часот на ул.„Македонска Фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Ш. (26) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило„рено”со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Ш., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2026 во 19,20 часот на ул.„Крушевска република“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.С.(18) од с.Кишава, битолско, затоа што бил затекнат како управува работна мобилна машина без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата