Во рамките на акциите против дрвокрадците, Шумската полиција привремено одзеде 11 товарни и 15 патнички моторни возила, осум трактори, 13 приколки и 18 моторни пили.
Запленети се 734 кубни метри дрва и поднесени се 147 прекршочни и кривични пријави во интензивираните акции на Шумската полиција, кои се спроведуваа во текот на октомври, против бесправната сеча, транспортот и трговијата со дрвна маса од незаконско потекло, соопшти Министерството за земјоделство.
Најголем дел од одземената количина сочинуваат даб и бука, односно запленети беа 288 кубни метри даб и 274 кубни метри бука. Преостанатиот дел од запленетата дрвна маса опфаќа 51 кубен метар мешано дрво и 121 кубен метар техничко дрво (трупци).
Во рамките на акциите против дрвокрадците, Шумската полиција привремено одзеде 11 товарни и 15 патнички моторни возила, осум трактори, 13 приколки и 18 моторни пили. Притоа, до надлежните судови поднесени се 122 прекршочни пријави, а до Основното јавно обвинителство 25 кривични пријави.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата