ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ - Нов закон за заштита од семејно насилство

Vecer | 13.11.2026

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ - Нов закон за заштита од семејно насилство
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Нов закон за спречување и заштита од семејно насилство, со кој се предвидува и воведување електронски алки за следење на сторителите, веќе е доставен до Собранието, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при гостувањето во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Тошковски нагласи дека домот мора да биде најбезбедното место за жените, мајките и ќерките, потенцирајќи дека институциите се должни да ги вложат сите капацитети за да им обезбедат сигурност.

„Верувајте ми, ова законско решение нема целосно да го искорени проблемот со семејното насилство, но гарантирам дека ќе донесе далеку подобри резултати од актуелните“, изјави министерот.

Тој додаде дека новите законски одредби ќе ја забрзаат реакцијата на полицијата на терен и значително ќе ги зајакнат институционалните механизми за постапување при вакви случаи.

„Мораме да сториме сè. Дали треба да имплементираме ново законско решение – апсолутно да. Но мора да бидеме свесни дека ниту една законска измена сама по себе нема целосно да го искорени семејното насилство. Она што можеме да го направиме е да создадеме подобри услови за побрза и поефикасна реакција на институциите“, нагласи Тошковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk