Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се разговарало за актуелната економско-политичка состојба, енергетските предизвици и активизмот на партиските тела и органи.
„Беше разговарано за случајот со Алта банка, при што се нотираше деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на банката и губење пари на илјадници граѓани. Антидржавното делување на Венко Филипче е во насока на подривање на системот, ширење параноја и саботажа на банкарскиот систем. Беше изразено уверување дека институциите работат и дека ќе се најде решение со кое ќе се заштитат интересите на банката“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, информирал за средбата со раководството на Влен. Тој посочил дека на средбата биле дискутирани принципите на коалицијата, идните предизвици во делот на енергетските состојби, а за кадровските решенија дискусијата ќе продолжи во наредниот период.
Извршниот комитет донел одлука за теренска агенда на координаторите од Извршниот комитет за посета на општинските и месните комитети на партијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата