ВМРО-ДПМНЕ ЈА ЗАДРЖУВА ПОДДРШКАТА но, ВЛЕН ја губи доминацијата кај Албанците, оценува полкитикологот Стефановски

Vecer | 03.11.2026

ВМРО-ДПМНЕ ЈА ЗАДРЖУВА ПОДДРШКАТА но, ВЛЕН ја губи доминацијата кај Албанците, оценува полкитикологот Стефановски

Вонредните локални избори во Брвеница, според политикологот и воено-безбедносен аналитичар Милан Стефановски, за ДУИ беа натпревар за политичко преживување, а покажале дека владејачката ВМР-ДПМНЕ е во полна политичка кондиција. Тој за Локално изјави дека ВЛЕН немала никаква тежина во овој политички натпревар.

-Вонредните локални избори во Брвеница дефинираа неколку политички процеси. Прво, се потврдуваат анкетите дека ВМРО ДПМНЕ е во полна политичка кондиција бидејќи од нивниот кампус не се слеваат гласови, туку напротив во споредба со последните парламентарните избори бројките во Брвеница имаат дури и благ пораст, а СДСМ како главен политички противник практично не беше воопшто компетитивен во оваа политичка ранг листа во Брвеница, изјави Стефановски.

Милан Стефановски
Милан Стефановски

Тој додава дека изборите за ДУИ беа натпревар за политичко преживување во контекст на нивната идна позиција на моќ во однос на ВЛЕН, но и во однос на мобилизацијата на нивното членство.

-ВЛЕН како политичка партија немаше никаква тежина во овој политички натпревар. Во суштина ДУИ играше на етнички концепт, а не на прогресивен и развоен концепт и тоа во таа средина помина со некои 200 гласа разлика. Овие избори покажаа дека ако немате политичка моќ, како во случајов со ВЛЕН, тогаш треба да опстои довербата во политиката која ја спроведувате со својот политички коалициски партнер на централно ниво. Ако според изјавите на ВЛЕН дека гласовите не се во посед на никоја политичка партија, тогаш истите признаваат дека нивното политичко тежиште не постои бидејќи гласачите го одбрале нивниот политички опонент, во случајов ДУИ, вели Стефановски.

Тој додава дека во математичка смисла овие избори за ВМРО ДПМНЕ не значат ништо. Според него гласањето во Брвеница покажа дека политичката инертност на ВЛЕН и стравот од етнички губиток на гласови на сметка на граѓанскиот развој на општината покажува дека можеби ВЛЕН и не е доминантна политичка сила кај Албанците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk