logo
logo
logo

Д-р Крисаги Гинаки анестезиолог од Солун:

Изгорениците на пациентите во пожарот беа од 15 до 20%, еден имаше од трет степен

Vecer | 15.03.2026

Изгорениците на пациентите во пожарот беа од 15 до 20%, еден имаше од трет степен

Тој ден, на 16 март, добивме повик од Националниот здравствен центар во поглед на расположивоста на кревети за жртви на изгореници, а тоа беа жртвите од пожарот во Кочани. Нашите главни раководители, доктор Атанела Франдиева, која што е главен директор на интензивна нега и нашиот колега од Одделот за пластична хирургија, беа веднаш известени. И јас колку што знам, личната комуникација меѓу клиниката „Мајка Тереза“ веќе беше започната. Импресивно беше сето тоа затоа што 14 часа по несреќата, тројца млади пациенти веќе беа превезени до нашата болница, рече д-р Крисаги Гинаки од Центарот за изгореници во Солун, на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.

– Во име на сите мои колеги сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите. Јас сум анестезиолог и работам во центарот за изгоренци во Солун. Нашиот Оддел е сертифициран од 2024, имаме капацитет за да работиме со пациенти, со шест кревети. Ние сме единствената таква болница во Северна Грција. Другите три вакви болници се во Атина, рече Гинаки. 

Таа посочи дека сите примени пациенти биле подложени на механичка вентилација и под постојан лекарски надзор.

– Сите имаа претрпено изгореници на вратот, лицето и горните екстремитети. Нивните изгореници беа од 15 до 20 проценти. Еден имаше изгореници од трет степен, можеби и до 60 проценти од површината на кожата. Исто така имаа последици од изложеноста на оган, пожар во затворен простор. По нивното пристигнување, сите беа однесени во операционите сали, за да се направи една поцелосна проценка. Би сакала да кажам дека веќе имавме клинички податоци по пополнувањето на тие обрасци коишто ги побаравме да ни ги пополнат, да ни ги пратат колегите пред пациентите да стигнат во болницата за да знаеме што дотогаш веќе се имало случено, рече д-р Гинаки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk